Модната куќа „Астибо Бејзик“ е успешен фамилијарен бизнис, кој се базира не само на 60 годишното искуство во полето на текстилната индустрија на фамилијата Саневи. Поминувајќи низ неколку фази на развој, Астибо Бејзик денес е добро основана средна компанија. Таа запослува способни работници и има значителни 30 години производно искуство. Астибо Бејзик е единствената текстилна компанија специјализирана за производство на тешки и полу-тешки производни програми.

Производите на АСТИБО БЕЈЗИК се направени по единствен и исклучително квалитетен дизајн. Именувани по препознатливиот бренд „АСТИБО“ – трговска марка заштитена на интернационално ниво од Женевската Конвенција. Производите на АСТИБО БЕЈЗИК се пласираат на домашниот Македонски пазар, но и на пазарите на поранешните Југословенски републики: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Србија, Црна Гора  и од неодамна и Австралија.

Развојната стратегија на модната куќа ASTIBO BASIC цели на константно освојување на пазарот со соработка со агенти кои ја претставуваат АСТУБО БЕЈЗИК во Русија, Белорусија, Украина и Германија. За да го постигнеме сето ова, беше имплементирана технолошка иновација како CAD/CAM, вработуваме високо-квалитетни, квалификувани експерти и консултанти во полето на текстилната индустрија со цел да ги постигнеме ISO стандардите како трајна цел на бизнис стратегијата.

ВО ИЗВРШУВАЊЕ НА ЕЛЕГАНЦИЈАТА, РАФИНИРАНОСТ И СОФИСТИЦИРАНОСТ, АСТИБО БЕЈЗИК СЕ СТРЕМИ ДА СОЗДАДЕ СЕЗОНСКИ ПОДВИЗИ ОД ЛУКСУЗНИ ГОТОВИ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА И ДОДАТОЦИ НАСОЧЕНИ КОН ДОМАШНИ И МЕГУНАРОДНИ ПАЗАРИ КОИ ГО ВРЕДНУВААТ КВАЛИТЕТОТ И КОНЗИСТЕНТНОСТА ПРЕКУ ПРЕПОЗНАТЛИВИОТ ДИЗАЈН.

НАШ ФОКУС Е ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ДОСЛЕДЕН ДИЗАЈН И СОВРЕМЕН АСОРТИМАН НА ПРОИЗВОДИ ЧИЈА ПОРАКА Е ИНСПИРИРАНА ОД ПОТРЕБИТЕ И НАЧИНОТ НА ЖИВОТ НА НАШИТЕ КЛИЕНТИ, ДОДЕКА КОМУНИКАЦИЈАТА НА ПРИНЦИПИТЕ НА СОВРЕМЕНИОТ ДИЗАЈН Е ПРЕКУ ВКУС И КВАЛИТЕТ.

АСТИБО БЕЈЗИК – ЈАЗИК НА ПРЕЦИЗНОСТА

Посветени на создавање готови производи за носење и додатоци со највисока стапка на стандарди за квалитет. Што се должи на постојаното истражување и развој во квалитетот со најдобрите предивa и ткаенини направени со прецизност на детали, прилагодeни да го задоволат вкусот на сите наши клиенти. Производите од нашите колекции од облека и додатоци не претставуваат на најпознатите модни писти на највисоко ниво.

На 26.09.2013 со почеток во 18.30 часот во Штип на плоштадот “Слобода”, на познатиот моден ивент “Fashion Days Stip 2013”, Македонската Модна куќа “АСТИБО БЕЈЗИК” премиерно и ексклузивно се престави со сопствена самостојна модна ревија на брендот “Астибо”.

На ревијата беа приказани 40 модели од новата зенска колекцијата COSMOPOLITAN WOMAN COLLECTION ЕСЕН-ЗИМА 2013, со што брендот Астибо на “голема врата” како што пишуваа некои медиуми, повторно се враќа и го освојува пазарот. Моделите беа преставени со манекенките од Модната агенција Црнокрак и Макмоделс.

Во најтешкиот период за текстилната индустрија се појавуваат и светли точки. М.к. “АСТИБО БЕЈЗИК”  докажува дека оптимизмот сепак треба да не не напушта. Силни впечатоци од ревијата одржана во во Штип за презентација на сопствениот бренд “Астибо”, кој доби громогласна подршка од вип гостите и маркетински претставници од познати  компании и организации.